Со оглед на тоа што Катар деновиве е во центарот на вниманието поради одржувањето на Светското фудбалско првенство, често се зборува и за неговите туристички атракции, а една од нив е необичниот град на духови сместен во пустина, наречен Film City.

Film City е изграден за потребите на снимањето на арапската ТВ-серија „Eyaal Al Theeb“ („Синови на волкот“), која раскажува за борбата меѓу две арапски племиња.
Градот е сет изработен по урнек на древно арапско (бедуинско) село, а се наоѓа зад кањон, целосно опкружен со пустинскиот полуостров Зекреет.
Првото прашање што некому ќе му падне на памет кога ќе наиде на Film City е да се распраша за неговата намена, бидејќи очигледно е напуштен, а по првобитната намена никој не очекуваше дека ќе стане туристичка атракција.
Од TripAdvisor истакнуваат дека реакциите за местото кое често го нарекуваат „град на духови“ би можеле да бидат поделени бидејќи нема многу содржина. Има една продавница, а во неа живее само менаџерот.
И покрај долгото возење од Доха (80 км) е релативно лесно да се стигне до него. Дивите животни и опкружувањето ги воодушевуваат децата и нудат одлични можности за фотографирање.
Градот со ѕидини е со големина на село, но сепак има главна порта и градски ѕидини со караули на предната страна.
Посетителите можат да ги паркираат своите автомобили пред главната капија и да влезат пеш. Иако ништо не е автентично, градбите покажуваат како можеби изгледало традиционално село во регионот во минатото.
Се препорачува да го посетите градот пред доцните попладневни часови и да го испланирате повратното патување до Доха најмалку 1,5 час пред зајдисонце за да избегнете патување по кривулестиот пат во темница.