Град Скопје: Поради повредената суета на Мицкоски и инаетот кон Арсовска, граѓаните со часови чекаат автобус

Дали најавите на Мицкоски за преговори со компанија за набавка на 100 електрични автобуси и ветувањето за вкупно 250 нови автобуси од програмата за Скопје, е причината за 3-годишната блокада на градот од страна на ВМРО-ДПМНЕ, прашуваат од Град Скопје.

„Изјавите на Орце Ѓорѓиевски и Александар Николоски, дека проблемот со автобусите ќе се реши по локалните избори, се потценувачки кон граѓаните во Скопје. Ако имаат решение, зошто тие не го понудат веднаш, за што градоначалничката Данела Арсовска повеќе пати истакна дека ќе прифати соработка за доброто на граѓаните. Доколку навистина се грижат за граѓаните, нека донесат автобуси, нека го оправат ЈСП, зошто да чекаат до изборите и ги оставаат граѓаните со проблеми уште цела една година? Дали оваа штета врз Скопје се прави поради повредената суета на Мицкоски, поради неговиот инает кон градоначалничката Арсовска, или за Мицкоски политички да поентира на следните локални избори?

Ако Мицкоски има решение за ЈСП, зошто неговите советници сега не гласаат за набавка на нови автобуси или за воведување БРТ, зошто чекаа 3 години и зошто јавно најавуваат дека уште една година Скопје ќе биде нивни заложник? Жално е што Мицкоски и неговите партиски послушници мислат дека граѓаните имаат кратко памтење, дека ќе заборават што се случуваше пред три години и ќе заборават дека тие лично го создаваат хаосот во Скопје цели 3 години. Мицкоски не реализираше ниту едно од своите ветувања за Скопје, а богами без да истури 250 милиони во своите општини, тешко дека ќе испорача било што и низ Македонија“, истакнуваат оттаму.

Единствен виновник за континуираната криза во ЈСП, како што оценуваат, е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, чии советници на чело со Трајко Славевски се власт во Советот 3 години и веќе 24 седници по ред не гласаат за замена на дотрајаните автобуси со нови, ниту за решавање на хаосот што сами свесно го предизвикуваат во јавниот превоз.

„За Седницата на Советот за ноември 2024 година, по 25-ти пат е доставена предлог-одлука за нови еко-автобуси до советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Советниците од редовите на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, кои се власт и мнозинство во Советот, веќе 3 години континуирано не гласаат за подобрување на состојбите во ЈСП.

Поради суетата на Мицкоски, граѓаните во Скопје со часови чекаат автобус. Мицкоски кој еден ден глуми спасител на скопските јавни претпријатија – а друг ден како за сите важни прашања во државата негира што кажал, време е барем еднаш да си стои на зборот и да ги реши проблемите што континуирано ги создава.

За Седницата на Советот во ноември по 25-ти пат е доставена предлог-одлука за нови еколошки автобуси до советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои повеќе од две години не гласаат за нови автобуси, иако имаат мнозинство во Советот на Град Скопје.

Согласно закон, градоначалник не може да донесе одлука за набавка на нови автобуси, ниту за решавање на кризата во ЈСП, за кое одлуките ги носат во Советот луѓето на Мицкоски.

Единствена одговорност за недостатокот на автобуси во јавниот превоз имаат советниците од ВМРО-ДПМНЕ, од кои како власт и мнозинство во Град Скопје, зависи дали ќе има нови наместо дотрајани еко-автобуси и подобар превоз. За потсетување, кризите кои советниците на Мицкоски ги креираат во Скопје, а кои единствено тие можат да ги решат со одлука во советот:

  1. Мицкоски создаде криза со Буџетот за да го саботира ЈСП и неговите луѓе во Советот на Град Скопје по наредба на шефот одлуките не ги носеа со месеци;
  2. Мицкоски создаде криза со недостаток и неисплата на веќе планирани буџетски средства за плати во ЈСП, поради што протестираа синдикатите, па откако им се удри од глава кризата што сами ја создадоа Трајко Славески по наредба на шефот ја реши;
  3. Мицкоски создаде криза со недостаток на автобуси, при што за нови еко-автобуси како замена за дотрајаните единствено можат да донесат одлука неговите советници на чело со Трајко Славевски;
  4. Мицкоски создаде криза и со проектот за воведување БРТ од каде следат за градот 60 нови автобуси, но и таму неговите советници не гласаат одлука за отпочнување;
  5. Мицкоски создаде криза со приватните превозници за кои одлука за промена на условите за работа може да донесат единствено неговите послушници во Советот, а иницијативата веќе 4 месеци Трајко Славески не ја става ниту на дневен ред;
  6. Мицкоски создаде криза во ЈСП за гориво, за прв пат од постоењето на претпријатието кадрите на шефот на ВМРО-ДПМНЕ во Бирото за јавни набавки ја поништија редовната јавна набавка за гориво во ЈСП како смислено сценарио за нова криза“, се наведува во информацијата од Град Скопје.

Според оваа институција, сите одлуки за Скопје можат да ги донесат единствено советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои се власт во градот веќе 3 години. Тие, како што е наведено во реакцијата, континуирано по наредба на шефот Мицкоски демонстрираат сила и самоволие, вршат притисок за да се излечи суетата на човекот, на кој додека не се елиминира градоначалничката Арсовска, нема да му се смири егото, а за тоа трпат граѓаните.

„Угнетувачот Мицковски со три години притисоци и закани се обидува Арсовска да си замине, што на негово разочарување нема да се случи, затоа што вина за проблемите имаат само неговите слуги во Советот на Град Скопје, од чии одлуки за жал зависи нормалното функционирање на градот.

Според програмата за Скопје на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, која ја промовираа на локалните избори во 2021 година, требаше до крајот на мандатот да се испорачаат 250 автобуси. За потсетување шефот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и лично ги ветуваше новите еко-автобуси за скопјани. Со набавка секоја година по 50 автобуси, ќе се постигнеше квалитетот на превоз и услуги кои граѓаните ги заслужуваат и ќе се испорачаа до крај на мандатот 250 автобуси“, стои во соопштението на Град Скопје.

реклама

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Меси ќе го продолжи договорот со Интер за следната сезона да се врати во Барса

Read more

Најидеалниот спорт за секој хороскопски знак: Астрологијата знае во која активност блескате

Read more

Пет предупредувачки знаци дека јадете премногу јаглехидрати

Read more

Македонија

ДУИ: Кога ВМРО-ДПМНЕ и олигархијата врескаат за криминал, се обидуваат да прикријат етничка неправда

Read more

Субвенции за санација на постоечки и поставување на нови лифтови во зградите во Карпош

Read more

Времен прекин во работењето на системот е-Даноци, соопшти УЈП

Read more

Дел од Општина Карпош денеска без вода

Read more
 

Вести

Над 1.000 затвореници се приклучуваат на напорите за гаснење пожари во Калифорнија

Читај повеќе

Глумците пеат на сцената на МНТ

Читај повеќе

ДУИ: Кога ВМРО-ДПМНЕ и олигархијата врескаат за криминал, се обидуваат да прикријат етничка неправда

Читај повеќе

Исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери, пронајдена почината

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Субвенции за санација на постоечки и поставување на нови лифтови во зградите во Карпош

Читај повеќе

Времен прекин во работењето на системот е-Даноци, соопшти УЈП

Читај повеќе

Aлбанија лани ја посетиле рекорден број туристи

Читај повеќе

Претседателот на Иран: Никогаш немавме намера да го убиеме Доналд Трамп

Читај повеќе