Графиката на Unrecord е толку добра, да не ви се верува дека е видеоигра

Малку е да се каже дека трејлерот на играта Unrecord ги воодушеви гледачите со квалитетот на графиката.

Studios Drama го претстави трејлерот за играта Unrecord, која веднаш ги шокираше гледачите со фотореалистичната графика. Клипот од 2 минути и 34 секунди прикажува толку верен кадар од престрелка што некои одбиваат да веруваат во она што го гледаат.

Unrecord е акциона игра во прво лице во која играчите ја преземаат улогата на полицаец и им нуди на гејмерите нешто ново - поглед од гледна точка на полициска камера на телото (body cam). Сепак, она што е особено интересно е како на дело изгледа играта на француското гејминг студио.

Благодарение на верното осветлување и технологијата Unreal Engine 5, играта носи неверојатно ниво на фотореализам што ги воодушеви гејмерите, па имаше коментари како „Како е можно ова?“, „Играта изгледа неверојатно“, „Ми требаше долго време да сфатам дека не гледам вистинска снимка“ итн.

Сепак, колку добро изгледа играта најдобро говорат коментарите на корисниците кои сметаат дека снимката не е од играта, но има и такви кои одбиваат да веруваат дека финалниот производ ќе изгледа така, односно дека е однапред подготвен рендер.

Неколку часа по објавувањето на трејлерот на сите главни платформи, се огласи креаторот на играта, Александар Шпиндлер, кој потврди дека Unrecord навистина изгледа така и дека она што е на видеото е вистинската игра.

Погледнете го трејлерот:

Remote video URL

Меѓутоа, бидејќи таквите информации не ги смирија скептиците, Шпиндлер објави уште една снимка, овој пат директно од софтверот, во која главниот протагонист пука наоколу, за да докаже дека Unrecord е навистина толку фотореалистичен.

URL

За жал, сè уште не се знае кога Unrecord ќе биде официјално достапна на Steam платформата, но сигурно е дека тоа нема да се случи годинава. Играта моментално е во почетна фаза на тестирање и сè уште премалку се знае за неа.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Гејминг

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Read more

Гејмерите имаат можност бесплатно да ја пробаат Cyberpunk 2077

Read more

Не оди сѐ по планот: За GTA VI веројатно уште долго ќе чекаме

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе