Грција ќе дозволи влез на туристи вакцинирани со руската и кинеската вакцина

За летната сезона, Грција ќе дозволи влез на туристи кои се вакцинирани и со руската и со кинеската вакцина, потврди грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис говорејќи во интервју во рамките на конференцијата на Financial Times и уште еднаш истакна дека земјата, за туристите ќе биде отворена од 15 мај, јави дописничката на МИА од Атина.

Иако Европската Комисија има поинаков став за конкретните вакцини, Мицотакис сепак вели дека тие остануваат на нивната позиција да ги признаат и тоа пред сѐ се однесува на руската вакцина, поради тоа што очекуваат туристи од Русија.

-Русија е важен пазар за нас. Од податоците што ги имаме на располагање сметаме дека руската вакцина е безбедна и ефикасна. Секако, не е одобрена од ЕМА, затоа и не ја користиме вакцината, во целосна согласност со европските регулативи во врска со набавките, но јас не гледам никаков проблем, во Грција да примиме туристи кои биле вакцинирани со вакцината Спутник, објасни грчкиот премиер.

Грчкиот премиер истакна дека намерата е туризмот да биде безбедно отворен, а тоа значи дека „ако некој сака да патува во Грција без да биде потребен карантин ќе треба, на грчките власти да им покаже сертификат за вакцинација, потврда дека ја прележал болеста или негативен ПЦР или антиген тест“.

-Очекуваме да ги пречекаме туристите од 15 мај, веќе ги отворивме угостителските објекти и малопродажбата, па така првите посетители кои од 15 мај ќе дојдат во Грција, ќе посетат земја во која економските и општествените активности веќе се вратени во нормала, додава грчкиот премиер.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе