Грција останува затворена за нас до 30 септември

Одлуките за привремено ограничување на копнените граници со Северна Македонија, Албанија и на Турција, како и за забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, Грција ги продолжи до 30 септември, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за двете министерски одлуки, кои во изминатите месеци се продолжуваа на секои две седмици.

Во однос на копнените граници, ограничувањата, „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на COVID-19 на грчка територија“ се за временскиот период од 16 до 30 септември 2020 година и се однесуваат патните и железничките поврзувања на Грција со Северна Македонија, Албанија и на Турција.

За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас (Кулата) и само со негативен молекуларен тест за COVID-19 направен 72 часа пред пристигнувањето.

Од останатите гранични премини што се отворени, односно Какавија и Кристалопиги кон Албанија, Евзони (Богородица) кон Северна Македонија, Нимфеа кон Бугарија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и исто така со негативен ПЦР тест.

Овие гранични премини се отворени од 7 часот наутро до 23 часот, а забраната не важи за грчки државјани, за лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, за влез на лица со апсолутно неопходни професионални или медицински причини за кои имаат и потребни документи, како и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Северна Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово.

Втората министерска одлука се однесува на забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, со исклучок на државјаните на Австралија, Грузија, Канада, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Обединетите Арапски Емирати.

Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници.

И оваа одлука стапува во сила денеска, а важи до 30 септември 2020 година.

Тагови
реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Регион

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more

Судир меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана: Летаат факели и молотови коктели

Read more

Грција го исполни ветувањето: Бесплатен одмор за сите туристи што лани го преживеаја пoжарот на Родос

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе