Грција во сè поголеми проблеми поради масовниот туризам

Во Грција е неопходно да се спроведе реформа и да се редефинираат законите кои се однесуваат на туризмот, наведува Independent.

Минатата година Грција ја посетиле околу 33 милиони луѓе, што е за 5 милиони повеќе од претходната година. Туристите ги привлекуваат античките археолошки локалитети, тиркизните медитерански води и сигурната летна сезона.

Меѓутоа, заштитникот на граѓаните на земјата објави извештај во кој предупреди на зголемените ризици за животната средина и повика на итни реформи.

Економијата на Грција во голема мера се потпира на туризмот и сите вклучени ресурси треба да се зачуваат. Грција не смее да го исцрпува својот потенцијал, да го троши, со што туристичките дестинации би биле неатрактивни.

Туризмот сочинува повеќе од 25% од економското производство, а приходите се зголемуваат секоја година. Се очекува тие годинава да пораснат на 21 милијарда од минатогодишните 20,5 милијарди.

Сепак, тој приход генерира се повеќе проблеми. Заштитникот на граѓаните повика на намалување на крајбрежната градба и забавување на сечењето на шумите кои создадоа соодветни услови за поплави. Исто така, повикува на поголема грижа за водните ресурси во светлина на зголемените барања за вода за пиење, базени и водни паркови.

Островот Санторини се наведува како вистински пример за масовен туризам. Островот со околу 15.000 жители секоја година е домаќин на повеќе од 5,5 милиони туристи, што е двојно повеќе од бројот на кој беше домаќин во 2012 година. Токму затоа остварува околу една милијарда евра годишен приход, но нанесува голема штета на локалната заедница и природата.

реклама

Регион

Македонка загина во сообраќајна несреќа кај Лесковац

Read more

Сите археолошки локалитети во Атина се затворени поради високите температури

Read more

Грција воведува кризен данок за производителите на струја

Read more

Украинец фотографирал Македонка низ прозорец во Пула

Read more
 

Вести

Струшките вечери на поезијата ќе се одржат од 22 до 26 август со мотото „Допир на убавината“

Читај повеќе

Орбан: Фицо и Трамп ги нападнаа затоа што се противат на војната

Читај повеќе

Побарувачката за струја е зголемена поради топлотните бранови

Читај повеќе

„Визер“ предупредува: Патниците денеска да пристигнуваат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет

Читај повеќе

Таравари именува нови директори на неколку здравствени установи

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Македонка загина во сообраќајна несреќа кај Лесковац

Читај повеќе

Сончево и многу топло, од утре опаѓање на температурите

Читај повеќе

Рекорден број повици на 112 од постоењето на бројот за итни случаи

Читај повеќе

Пад на акциите од технолошкиот сектор на Волстрит

Читај повеќе