Грција: Задолжителен негативен тест за COVID-19 за авиопатниците од Романија и Бугарија

Атина, 28 јули 2020 (МИА) – Сите оние кои од денеска ќе пристигнат во Грција авионски од Бугарија и Романија, задолжително е да имаат потврда на англиски јазик за негативен молекуларен тест за COVID-19, направен до 72 часа пред патувањето, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката донесена „врз основа на анализа на епидемиолошките податоци“ е идентична со онаа што се однесува на пристигнувањата по копнен пат преку граничниот премин Промахонас (Кулата), односно и за влез во Грција од Бугарија, задолжителен е негативен тест за коронавирусот.

Министерската одлука објавена во Службен весник е во сила до 4 август 2020 година, а не важи за грчките државјани, за оние кои имаат грчка дозвола за престој и за оние кои патуваат од есенцијални причини.

Од 1 август шест грчки пристаништа отворени за крузери

Преку информативен допис до Меѓународното здружение на крузери и три големи компании кои работат со крстарења, министерот за туризам на Грција Харис Теохарис, официјално соопшти дека од 1 август 2020 година, шест грчки пристаништа ќе бидат отворени за крузери, јави дописничката на МИА од Атина.

За бродовите за крстарење отворени ќе бидат пристаништата на островите Родос, Крит и Крф, во Волос,  на Пелопонез, како и најголемото грчко пристаниште Пиреас.

По првото закотвување на некое од овие шест пристаништата, крузерите ќе имаат можност да пристапат до било кое друго грчко пристаниште вклучено во нивната програма.

-Сите бродови за крстарење се добредојдени во Грција за да им понудат уникатно искуство на патниците, напишал Теохарис во писмото, соопштуваат од грчкото Министерството за туризам.

Објаснил дека здравствените процедури и протоколи што ќе се применуваат под надзор на грчките власти се врз основа на објавените стандарди на Европската унија.

Паралелно, министерот за туризам на Грција, побарал од најголемите меѓународни туристички агенции за крстарење, на нивните клиенти, да им препорачаат  патување во Грција и по завршувањето на летната сезона.

-Тековната сезона се продолжува до крајот на годината, потенцирал Теохарис во писмото.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе