Грците креваат огромна челична ограда на границата со Турција

Грција почна да поставува челична ограда долга 27 километри, како и воени набљудувачници, на границата со Турција кај Еврос, ударната точка на т.н. Балканска мигрантска рута.

Оградата е висока пет метри, височина со која ги надминува другите огради на вакви места во Европа, како и онаа на границата меѓу САД и Мексико. Челичната ограда ќе биде зајакната и со бодликава жица.

„Подигнувањето на оградата во Еврос е најмалку што можевме да сториме за да ја обезбедиме границата и да направиме жителите на Еврос да се чувствуваат побезбедно“, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на 17 октомври за време на обиколката на градови низ регионот.

Новите бариери ќе служат за спречување на нелегално преминување на границите и спречување на поплави, а во тој проект се инвестирани 63 милиони евра.

URL

Покрај изградбата на новата ограда, ќе се подобри и мрежата на постоечки огради со челични арматури во висина од 4,3 метри, што е во рангот на бариери како што е онаа на границата меѓу САД и Мексико.

Грчката влада ангажираше дополнителни 400 гранични полицајци за чување на регионот Еврос, 800 во источен Егеј и 480 во други делови на грчката република, пишува Балканската безбедносна мрежа, пренесува Спутник.

URL

За потсетување, конфликтите на границата меѓу Турција и Грција кулминираа во текот на февруари.

Мигрантите се обидоа да влезат во Грција - и ЕУ, откако Анкара ја намали контролата, односно одлучи веќе да не ги запира бегалците од Сирија кои по копно и море се обидуваат да стигнат до Европа.

Грчките граничари користеа солзавец за да растераат околу 500 бегалци и мигранти. Тогаш започнаа разни шпекулации, а на социјалните мрежи кружеа информации со видеа, во кои се наведува дека Турција обезбедува автобуси за мигрантите и ги испраќа на граничните премини со Грција и Бугарија.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе