Гринвуд ја одјави Англија во ФИФА, ќе игра за Јамајка

Макфакс/Кајгана
/ 22.01.2025 / 14:59

Фудбалерот на Олимпик Марсеј, Мејсон Гринвуд, во иднина ќе настапува за репрезентацијата на Јамајка.

 

Според англиските медиуми, поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед има право на јамајканско државјанство бидејќи неговиот татко е Јамајканец, роден во оваа карипска земја.

Ова ќе биде големо засилување за тимот на Стив МекЛарен, кој седна на клупата на популарните „Реге Бојз“.

23-годишниот Гринвуд сезонава одигра 20 натпревари за Марсеј, постигна 13 гола и запиша 4 асистенции.

Фудбалерот роден во Англија ќе има право да ѝ се приклучи на репрезентацијата на Јамајка, иако во кариерата ги мина сите младински селекции на Англија, а има и еден настап за сениоорскиот тим во 2020 година во Лигата на нации.

Јамајка атакува на пласман на Мундијалот 2026, што ќе биде прво такво достигнување по дебито во Франција 1998. За таа цел последниве години успеа да придобие неколку играчи со јамајканско потекло од дијаспората, најмногу од Англија.

реклама

Фудбал

Чистка во Реал Мадрид: Пет врвни играчи си заминуваат

Read more

Сити го доби Арсенал, но го загуби Родри

Read more

Суспендиран стадионот на Башкими, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга

Read more

Дали Модриќ останува во Милан? 

Read more
 

Спорт

Чистка во Реал Мадрид: Пет врвни играчи си заминуваат

Читај повеќе
  • play_arrow

Гледач загина во рели трка откако автомобил со полна брзина се заби во публика

Читај повеќе

Расел: Ќе возам за Мерцедес и во 2027 година

Читај повеќе

Сити го доби Арсенал, но го загуби Родри

Читај повеќе

Ѓоковиќ го мина Федерер и постави нов рекорд во историјата на тенисот

Читај повеќе
  • play_arrow

Суспендиран стадионот на Башкими, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга

Читај повеќе

Дали Модриќ останува во Милан? 

Читај повеќе
  • play_arrow

Фудбалер на Верона се степа со навивачите

Читај повеќе
  • play_arrow

Хулигани на Фоџа влетаа на терен и ги бркаа играчите

Читај повеќе