Гризман за Меси: Му даваш диња, а тој ја претвора во кавијар

Французинот ги негира сите шпекулации дека нема добар однос со Меси и воедно порача дека ужива да игра со него.

Антоан Гризман дојде во Барса летото 2019 година како големо засилување од Атлетико, но уште оттогаш во јавноста се шират галсини дека тој и Лео Меси не се согласуваат.

„Нашиот однос е добар, се согласуваме. Понекогаш и си праќаме пораки еден на друг, а на тренинг доста комуницираме“, вели тој за француски L'Equipe.

Даде одлична асоцијација на тоа дека и многу лош пас кон Меси не е пропаднат бидејќи Аргентинецот е толку добар што од пепел ќе направи куќа.

„На терен тој е играч со кого е многу лесно да се игра. Му даваш диња, а тој ја претвора во кавијар. Со него не го чувствуваме оној притисок дека може лошо да додадеме“.

„За време на играта работите одат само на подобро. Годинава беше малку покомплицирано бидејќи имавме доста повреди и игравме систем во кој не секој беше на својата позиција. Но, новата сезона ќе ја почнеме со засилувања и ќе бидеме подобри“, оптимист е Французинот.

Причината за неговото намуртено лице во Барселона ја објасни со сосема друга причина.

„Не бев среќен на почетокот од сезоната бидејќи не играв, не се чувствував важен. Навикнат сум да го играм секој натпревар, како и големите натпревари. Тажен сум и сега, нормално е кога ќе се загуби титулата во лигата, на пример“.

Посочи и еден пример од окромври лани кога на Ел Класико не доби шанса од првата минута. Влезе во игра дури во 81. минута, а Барса загуби со 1:3 среде „Камп Ноу“.

„Се најдов на клупата за резерви против Реал Мадрид. Многу се изнервирав кога ги видов соиграчите како се загреваат на терен, а јас седам до нив и гледам. Но, тоа е одлука на тренерот и мора да се прифати и да се направи сѐ што е можно за тој да го смени мислењето“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more
 

Спорт

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе