Грнчаров: Парите од ЛЕ отидоа во РК Вардар, сега таму нека бараат помош наместо од Град Скопје

Откако градоначалникот Шилегов најави дека Град Скопје нема да го плаќа долгот на Вардар, се огласи поранешниот капитен Бобан Грнчаров кој обвини дека парите на фудбалскиот клуб завршиле во ракометниот.

Грнчаров против Реал Сосиедад; фото: ФК Вардар Скопје

Град Скопје нема да го воскреснува Вардар. Со тоа се согласува и Бобан Грнчаров, сега во пензија, а до пред некоја година столб на одбраната на „Црвено-црните“ и воедно капитен.

Тој на својот профил напиша статус во кој вели дека парите кои Вардар ги заработил со историскиот пласман во Лига Европа есента 2017 наместо да завршат во клупската каса, завршиле кај ракометниот клуб, па сега наместо од Град Скопје треба од РК Вардар да се бара парична помош.

„Многу ми е смешно кога гледам коментари Град Скопје да помогне на ФК Вардар. Како прво, Вардар бара помош од Град Скопје кога должи над 2 милиона евра, зашто кога земаа пари од Европа над 5 милиони не кажаа 'Ај ќе поделиме со Град Скопје', за утре-задутре ако ни требаат ќе ни помогнат тие. Вардар е приватен клуб и кога зема пари и кога треба да се дадат пари, едино за ова што се дешава моментално е крив еден човек и тој треба тоа да го реши сам (се надеваме дека денес ќе го реши и Вардар ќе добие лиценца), а второ, парите што ги земаа од Лига Европа се во РК Вардар, така да сега нека бараат помош таму“, напиша популарниот Грне.

Грнчаров од активно играње се повлече летото 2018 година. Кариерата ја почна токму во Вардар од каде летото 2000 се пресели во ОФК Београд. Потоа играше во украинските клубови Металурх и Стал, во Макаби Петах Тиква во Израел, Гент и Лирс во Белгија, АПОЕЛ на Кипар, бугарски Ботев, а од украинска Таврија летото 2014 се врати во Вардар со кој освои три полседователни титули првак на Македонија и еден Суперкуп.

реклама

Втор ден карантин за Скопје, Куманово, Штип и Тетово, Чулев апелира: Одлуката не е идеална, но треба да се почитува

Read more

СЗО препорача да се носи маска, но потребно е да биде трислојна за да ве штити од COVID-19

Read more

125 нови заразени со коронавирус, 46 се од Скопје

Read more

Четиригодишно дете почина по пад од трактор

Read more

Фудбал

Подемот и падот на Гарет Бејл

Read more

Ибра закрепнува, ќе се врати во јули

Read more

Снајдер: Можев да бидам како Меси или Роналдо, но не сакав

Read more

Forbes: Роналдо стана првиот фудбалер милијардер

Read more

Спорт

  • play_arrow

Подемот и падот на Гарет Бејл

Читај повеќе

Ибра закрепнува, ќе се врати во јули

Читај повеќе

Снајдер: Можев да бидам како Меси или Роналдо, но не сакав

Читај повеќе

Forbes: Роналдо стана првиот фудбалер милијардер

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал и Атлетико со заедничка иницијатива за поддршка на најпогодените од COVID-19

Читај повеќе

Игуаин и Сари склучиле пакт

Читај повеќе

Надал: Не би играл на УС Опен

Читај повеќе

НБА се враќа во досега невиден формат со 22 екипи

Читај повеќе

Среќен роденден, Комити!

Читај повеќе