Груби: Северна Македонија и Албанија не треба да се одвојат на патот кон ЕУ

Република Северна Македонија и Албанија не треба под никаков услов да се одвојат на патот кон ЕУ. Ваков ни беше ставот и минатата година, кога всушност требаше да се оддели Албанија за да не ја попречува Република Северна Македонија кон ЕУ. Ставот е конзистентен и сметаме дека треба да се отпочнат преговори час поскоро со ЕУ, со двете земји, како што беше ветено. Ова вечерва го изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Груби рече дека ќе работат макотропно за да се надмине, како што рече,  проблемот со соседна Софија и сме готови да дојдеме до решение, но не под услов на загрозување на идентитетот, културата, јазикот на нашите сограѓани Македонци.

– Сметаме дека ставовите на актуелна Софија се бесмислени затоа што не можете да кажете на еден народ дека до 1945 година си бил едно, а од 1945 година па до денес си нешто друго. Не може да се наметнува спор дека Република Северна Македонија има територијални претензии кон Бугарија затоа што е апсурдно, затоа што е бесмислено, не постои такво нешто, изјави Груби. ЕУ доколку стои зад својот кредибилитет, како што рече, не треба да толерира наметнување на вакви непостоечки апсурдни спорови меѓу земјите членки и земјите аспиранти.

Тој изрази надеж дека спорот со Бугарија всушност не е, како што рече, само оправдание за летаргичноста на земјите членки на ЕУ или пак отсустност на желбата за да се проширува Унијата со Македонија, со Албанија и со другите земји.

Откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, Груби рече дека тоа е согласно неговите надлежности, што му ги дава Уставот, како и дека има право на свое мислење за кое било законско решение.

Според него, односите меѓу Македонците и Албанците во земјава се најрелаксирани досега затоа што се имплементира Охридскиот рамковен договор, секојденовно се негуваат односите и нема меѓуетнички инциденти.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Свет

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more

Гулабарник или ЕУ?

Read more

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Read more

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more
 

Вести

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе