Груевски нема намера да ја отстапи лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски демантираше дека ќе ја отстапи својата позиција и дека размислува за свој наследник.

Додека одеше на средба со неколку градоначалници од редовите на владејачката партија во порта „Македонија“, Груевски на новинарските прашања дали се подготвува да ја отстапи лидерската партиска позиција, дали се бира нов претсетадел и дали ќе застане да даде изјава, трипати одговори со „Не“.

Во јавноста, по назначувањето на Никола Тодоров и Никола Попоски за нови вицепремиери, се шпекулира дека еден од нив би можел да го наследи Груевски на челната позиција во ВМРО-ДПМНЕ, но дека „водите му ги мати“, поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, кој не многу помпезно, но сепак се зближувал со членството на терен.

Пред половина година Груевски се повлече од премиерската функција, како дел од договорот од Пржино, а нов премиер стана Емил Димитриев, кој најпрвин требаше да гарантира фер и демократски избори, а по одложувањето на изборите продолжи на функцијата регуларно.

Сепак, и покрај повлекувањето од премиерската функција, опозицијата и натаму критикува дека токму Груевски продолжува да ги влече клучните потези во Владата.

Во попладневните часови, во резиденцијата на Европската унија се одржува средба на претставници на четирите партии потписнички на договорот од Пржино, каде се договараат начините за прочистување на избирачкиот список, а се бара и решение за намалување на притисокот на власта во медиумите, нешто на што предупредува опозицијата подолго време.

Деновиве интензивно се водат вакви преговори, но нема некој конкретен напредок, ниту најава за лидерска средба на која би се дефинирале решенијата за излез од предолгата политичка криза.

За да се придвижат работите, изминатите  месеци повеќепати во Македонија доаѓаа еврокомесарот Јоханес Хан, потоа германскиот претставник Јоханес Хајндл, а во куса посета беше и помошникот државен секретар од САД, Викторија Нуланд, која одделно се сретна со лидерите на четирите партии, како и со претставници на граѓанскиот сектор и новинарите, по кои побара брза разврска на политичката криза и јасна насока за одржување на слободни и фер избори.

реклама

Четворица исклучени во жестока тепачка во НБА, и полицијата влета на терен

Read more

Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Read more

3 хороскопски знаци на кои им се палат сите зелени светла во февруари

Read more

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 февруари

Read more

Македонија

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Read more

Мицкоски и Тошковски покажаа 40 тони запленета марихуана: Никој не е над законот

Read more

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Read more

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Read more
 

Вести

Руска царина: Нашиот извоз се намали лани, увозот од Африка значително се зголеми

Читај повеќе

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Читај повеќе

Foreign Affairs: На Европа ѝ треба армија

Читај повеќе

Европскиот парламент усвои построги и побрзи правила за азил

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски и Тошковски покажаа 40 тони запленета марихуана: Никој не е над законот

Читај повеќе

Задникот на Трамп хит на карневалска парада во Германија

Читај повеќе

Франција праќа писма до 29-годишниците: Раѓајте деца пред да биде предоцна

Читај повеќе

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Читај повеќе

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Читај повеќе