Ѓукановиќ: Односите со Белград не се добри

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ оцени дека односите меѓу Црна Гора и Србија „не се добри“ и изрази надеж дека Белград „има здрав разум и подготвеност“ да работи на подобрување на тие односи што е од заеднички интерес.

Во интервју за денешното издание на црногорскиот весник „Побједа“, Ѓукановиќ рече дека Црна Гора „со ништо не придонесува“ за ваквите односи со официјален Белград, кој „од времето на Милошевиќ не се мешал повеќе во внатрешните работи на Црна Гора отколку денес“.

– Црна Гора со ништо не придонесува за тоа. Освен што инсистира на одбрана на своите национални и државни интереси. Уште од времето на Милошевиќ, официјален Белград не бил повеќе вмешан во внатрешните работи на Црна Гора отколку што е денеc. Клучни српски министри речиси секој ден, а честопати и со непримерен јазик, ги коментираат процесите во нашата земја, со намера директно да влијаат врз нив, да докажат најверојатно колку е силна Србија. Тоа всушност сведочи за нешто друго. Сакам да верувам дека и во Белград има здрав разум, и посветеност да работиме на подобрување на односите што е од взаемен интерес, рече тој.

Говорејќи за литиите што ги организираа епархиите на Српската православна црква (СПЦ), против Законот за слобода на вероисповед, Ѓукановиќ оцени дека целта им е да ја сменат власта во Црна Гора, а не законот.

– Можеби е најточно да се каже дека на почетокот литите биле форма на притисок врз власта поради Законот за слобода на вероисповед. Но, сè што му претходеше, а во што се претворија подоцна, сведочи дека тоа е форма на политичка борба со намера да се смени власта во Црна Гора, а не законот, рече тој.

реклама

Забрзано опаѓа бројот на заразени во Шведска, епидемиолозите не знаат точно зошто

Read more

Не е до оргазмот: Зошто сексот нѐ прави среќни?

Read more

Кацин: Словенија има добра епидемолошка ситуација, но проблем се младите

Read more

Нов Зеланд по 102 дена има 4 новозаразени, веднаш воведен карантин

Read more

Регион

Кацин: Словенија има добра епидемолошка ситуација, но проблем се младите

Read more

Разочараност во Русија од одлуката на Србија да купи кинески ракетен систем наместо С-300

Read more

Грчката Влада воведува нови шест мерки, се откажува Меѓународниот саем во Солун

Read more

Проекција: Каква штета би направила во Загреб експлозија како онаа во Бејрут?

Read more

Вести

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Кацин: Словенија има добра епидемолошка ситуација, но проблем се младите

Читај повеќе

Русија и СЗО преговараат околу можна проверка на руската вакцина

Читај повеќе

Директор на The New York Times очекува згаснување на печатените медиумите за 20 години

Читај повеќе

Филипче: Ја чекаме дефинитивната листа на патници, има разлика дали се наши или државјани на Косово

Читај повеќе

Нов Зеланд по 102 дена има 4 новозаразени, веднаш воведен карантин

Читај повеќе
  • play_arrow

Либанските демонстранти како тенисери го враќаа солзавецот кон полицијата

Читај повеќе

Филипче: Став на Комисијата е онлајн-настава, освен за првачињата

Читај повеќе

Денеска 141 случај на COVID-19, ја надминавме бројката од 12.000 заразени

Читај повеќе