Гулашот со печурки вргањ во бешамел сос е совршен за ручек или вечера, или како прилог со месо оти самиот не содржи месо.
Потребни состојки:
- 400 гр вргањ
- 2 лажици маслиново масло
- 1 кромид
- 4 чешниња лук
- 1 лажичка мајчина душица
- 1 коцка зеленчукова супа
- 1 морков
За сосот:
- 500 мл млеко
- 30 гр брашно
- 30 гр путер
- 1 лажичка сол
- бибер по вкус
За сервирање:
- свеж магдонос
- пармезан по вкус
Подготовка:
Загрејте ја тавата и ставете малку маслиново масло. Кромидот и лукот исечкајте ги што е можно поситно и додадете ги во тавата заедно со грубо исечканите печурки вргањ. Додадете коцка за зеленчукова супа, мајчина душица и рендан морков. Промешајте и покријте со капак, колку да омекнат печурките.
Варете 5-6 минути на средна температура додека зеленчукот не порумени. Во тавче направете го бешамел сосот. Посипете го зеленчукот со брашно, користејќи сито за да избегнете грутки и брзо измешајте. Додадете путер и млеко. Мешајте додека не се изедначи.
Зачинете со сол и бибер и динстајте додека сосот не почне да се намалува. Кога сосот ќе се намали до кремаста конзистентност, тргнете го од оган и посипете со свеж магдонос и пармезан.