Ф1
ФОРМУЛА 1 2019

Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата во Абу Даби

30. ноември 2019 - 17:05 | Ф.З.

Шампионот Луис Хамилтон утре ќе стартува како прв на трката за големата награда на Абу Даби со која ќе заврши сезоната во Ф1.

Британецот беше најбрз на денешните квалификации и се избори за првата позиција на стартот од утрешната трка. Веднаш до него како втор ќе биде Макс Верстапен, трет Шарл Леклер, а четврти Себастијан Фетел.

Валтери Ботас беше втор на квалификациите, но поради промената на моторот за него однапред се знаеше дека без разлика на резултатот ќе стартува од последното место.

Со трката во Абу Даби завршува сезоната во Ф1. Хамилтон веќе е шампион, а втор ќе заврши Ботас. Сѐ е јасно и кај контрукторите каде Мерцедес е шампион, втор е Ферари, додека трет е тимот на Ред Бул.

Коментирај