Honor утре ќе го претстави смартфонот Play 4 кој ќе има една необична спецификација.
Менаџерот на Honor во Кина потврди дека Play 4 ќе има сензор за детекција на телесна температура што е ретка спецификација на постоечките уреди и ќе биде многу корисна во време кога владее пандемијата со новиот коронавирус.
Honor Play 4 Pro ќе има Kirin 900 процесор и 8 GB RAM. Го користи оперативниот систем Android 10 s EMUI 10, без услугите на Google. Го напојува батерија од 4.200 mAh, а доби 6,57-инчен екран со резолуција од 2.400х1.080 пиксели.
Има задни камери од 40 и 8 мегапиксели, а предните камери имаат 32 и 8 MP. Уредот поддржува 5G мрежа.