„House of the Dragon“, серија базирана на „Game of Thrones“, ќе почне да се прикажува во 2022 година, најави Кејси Блојс, еден од директорите на HBO, додавајќи дека се работи за голема и комплицирана серија.
Дејството ќе биде во време на Таргарјен доминацијата во Вестерос, 300 години пред настаните во Game of Thrones.
Тоа е период на војни, семејни конфликти и време полно со змејови и огнови.
Изворниот материјал ќе биде користен од книгата „Fire and Blood“ на Џорџ Мартин, но не е познато кои настани ќе бидат одбрани за новата серија.