Без големи најави, компанијата HTC го претстави смартфонот Desire 21 Pro 5G.
Смартфонот има 6,7-инчен IPS LCD екран со резолуција 2.400х1.080 пиксели и фреквенција на освежување од 90HZ, а го користи процесорот Snapdragon 690 кој поддржува 5G мрежа.
Смартфонот има 8 GB RAM и 128 GB интерна меморија.
Позади се сместени 4 камери: главната од 48, ултрашироката од 8, макро од 2 и сензор за длабочина од 2 MP. Селфи камерата има 16 MP.
Уредот го напојува батерија од 5.000 mAh која поддржува 18W полнење.
Засега нема информации за тоа кога ќе биде достапен на глобалниот пазар.