Кинеската компанија Huawei започна со продажба на својот телефон на преклоп, но без познатите апликации на Google и американските процесори, што е последица на санкциите од Вашингтон.
Mate X во Кина се продава по цена од 2.422 долари.
Во новиот телефон има Kirin 980 процесор и Balong 5000 супербрз чипсет кој ги поддржува сите мрежи, од 2G до 5G, како и кинеските алтернативи за Google апликациите за музика, мапи и друго.
Oд компанијата Huawei се очекува да ги претстават плановите за продажба за пазарот надвор од Кина.
САД, при крајот на јуни, на „црната листа“ ставија пет компании, меѓу кои е и кинескиот гигант Huawei, кој го обвинија како закана за американската национална безбедност.