Мобилни

Huawei P40 Pro ќе има пет задни камери

17. јануари 2020 - 13:33 | М.С.

Познатиот типувач на Twitter, Еван Блес на јавноста ѝ овозможи да види како ќе изгледа новиот Huawei P40 Pro.

Блес откри дека P40 Pro ќе има керамичко куќиште, а стаклените предни и задни панели ќе бидат заоблени на рабовите.

Новиот Huawei ќе има пет камери од кои едната е телефото камера.

Се очекуваат и многу подобрувања на софтверот.

На предната страна забележуваме и две селфи камери.

Huawei ги претстави моделите од серијата P во Париз во март, така што нема да чекаме долго време за да го видиме P40 Pro.

Разликата е во тоа што Huawei можеби ќе се продава без поддршка од Google апликациите, што беше случај и со минатогодишниот модел Мate 30 Pro.

Читајте следно:

Познати деталите за новиот Huawei P40 со неверојатен дизајн

Коментирај