Корејскиот произведувач за европскиот пазар ќе го понуди кросоверот Bayon.
Веќе неколку години по ред се шпекулира за новиот, мал Hyundai кросовер за Европа, а сега од корејската компанија стигна и потврда дека Bayon доби зелено светло за производство.
Oсвен името, Hyundai не откри повеќе детали за овој модел, но се претпоставува дека механичката основа е преземена од i20.
Со оглед на тоа дека Kona e долга 4.205 мм, Hyundai Bayon ќе биде пократок за 4 метри. Исто така се очекува дека ќе биде понуден со преден погон и без опција со дизел мотор.
Hyundai најави дека Bayon на европскиот пазар ќе пристигне во првата половина на 2021 година.