Green технологијата влегува и кај јужнокорејскиот производител кој во својата фабрика во Германија создаде електричен тркачки автомобил.
Официјалното претставување на новиот изум на Јужнокорејците е закажано за 10-ти септември во нивниот салон во Франкфурт.
„Веќе подолго време нашиот тим во Алценау напорно работеше развивајќи електричен автомобил, а наскоро ќе можеме плодовите од таа работа да ги споделиме со сите. Овој проект ветува една нова ера во нашата фирма отворајќи нови хоризонти во нашето тркачко учество“, вели Андреа Адамо, тим-директор во Hyundai Motorsport.
Фабриката на Hyundai во Германија се наоѓа во малото гратче Алценау, лоцирано во западниот дел на областа Долна Франконија во Баварија.