Hyundai најави дека во наредните неколку години ќе претстави нови електрични модели и тоа под брендот Ioniq.
Како за почеток се најавени 3 модели, а првиот ќе биде Ioniq 5 чија премиера е закажана за 23 февруари.
Ioniq 5 ќе биде компактен кросовер-купе, инпириран од концептот Hyundai 45 од Саемот за автомобили во Франкфурт 2019 година, а базата ќе биде модуларната E GMP платформа.
Според неофицијални информации, автомобилот ќе го движат 2 електрични мотори со 313 коњски сили, ќе има погон на сите четири тркала, а од 0 до 100 км/ч ќе забрзува за 5,2 секунди.
Првите испораки на Ioniq 5 First Edition во Европа се очекуваат во јуни или јули, а засега не е позната цената на овој автомобил.