И Европа има Кинески ѕид, се наоѓа во Хрватска

На хрватскиот полуостров Пељeшац се наоѓаат чудесни средновековни ѕидини, кои после Кинескиот ѕид, се најдолгиот зачуван фортификациски систем во светот.

На вториот по големина полуостров во Хрватска се наоѓа Стонскиот Теснец кој го поврзува Пељeшац со копното. Прекрасниот Пељeшац е познат по бродарството, сол, вино и одгледувањето школки, но и по ѕидовите кои, по Кинескиот ѕид, се најдолгиот зачуван фортификациски систем во светот. Стонските ѕидини се вистинско чудо на средновековната архитектура.

Во 14 век, Република Дубровник го купила полуостровот Пељeшац од српскиот крал Душан, подоцна цар Душан Силниот. За да се заштити од непријателските напади, одбранбениот ѕид го продолжила низ целата ширина на полуостровот зацврстувајќи го со кули и полукружни бастиони.

Овој Европски кинески ѕид, ремек-дело на средновековната архитектура, бил вкупно долг дури 7 километри. Околу 40 кули и 5 тврдини, од кои главната била Бартоломија, именувана по заштитникот на оружјето, Св. Вартоломеј, покрај другото, чувале и вредни садови сол кои на Добровничката Република ѝ донеле многу пари. Солта се вадела уште од римско време, а луѓето од Дубровник изградиле солана. Производството на сол се одржува до денес.

„Според постарите дубровнички хроники, изградбата на Големиот ѕид траела 18 месеци и чинела 12.000 дукати. Утврдувањето Стонски корпус било обликувано во текот на повеќе од четири века. Наменет првенствено за одбрана на полуостровот од неговата копнена внатрешност, тој постепено се подобрувал и прилагодувал на теренот и развојот на воената опрема“, наведува Туристичкиот одбор на Општина Стон.

Иако дел од ѕидовите биле уништени во земјотреси и битки, Стонските sидони со своите 5,5 километри сè уште се најдолгите одбранбени sидови во Европа. Од 2009 година се отворени за посетители, а турнејата трае околу 40 минути ако се одлучите за подолга турнеја помеѓу Стон и Мал Стон. Пократката турнеја трае околу 20 минути и започнува и завршува во Стон на пентагоналните sидови што го опкружуваат градот.

Погледот што се отвора кон морето, покривите и крошните вреди за секој чекор. „Европскиот кинески ѕид“ е неверојатно место проткаено со историја што сè уште гордо ги чува овие предели.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе