И капитенот Гачевски си замина од Вардар

Вардар остана и без својот голман и капитен кој е еден од последните кои останаа чекајќи нешто да се подобри.

Филип Гачевски со проштално писмо на својот профил се збогуваше од Вардар и неговите навивачи. По 5 години на голот на скопскиот гигант, Гачевски денес најави дека си заминува. Незивесноста околу иднината на клубот, тоа што има голем долг и што никој не се нафаќа да инвестира во клубот резултираше со заминување на сите играчи, а се чини последен кој го напушта бродот кој тоне е токму капитенот. Гача со Вардар имаше договор до крајот на јуни годинава, а со оглед на финансиските проблеми клубот не беше во можност да му понуди нов, нормален договор.

„За жал дојде и тој момент. После 5 години, денеска се збогувам со вас и фановите, бидејќи заминувам од Вардар - клубот со кој ги доживеав најубавите моменти, 3 титули и историски пласман во Лига Европа.
Благодарам на соиграчите и на луѓето со кои работев секој ден сите овие години. Научив многу од сите тренери, а најмногу од Саша Илиќ, Александар Васоски и Гоце Седлоски. Им благодарам на фановите за постојаната поддршка, им благодарам на Комити за тоа што беа со мене во убавите, но и тешките моменти. Клубот не ме научи само како да бидам спортист, туку ме изгради и како личност.
Не сакам да бидам запаметен како добар или лош голман, туку како добар човек. Ви благодарам и секаде каде ќе одам ќе извикувам „Вардар во срце те носам“!!!
Еден живот - една љубов“, напиша популарниот Гача.

Родум од Мурска Собота во Словенија, Гачевски во македонската лига дојде во сезоната 2014/15 кога брилјираше на голот на штипска Брегалница. Одличните настапи под Исарот веќе наредната сезона го донесоа во Вардар каде почна како резерва на Томе Пачовски. Одигра вкупно 117 натпревари во 1.МФЛ за Вардар, како и 14 во европските купови. Капитенската лента ја носеше од сезоната 2018/19.

Засега не е познато каде 29-годипниот голман ќе ја продолжи кариерата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе