И Кинезите слетаа на Марс

Кина успешно го спушти својот ровер на Марс, објавија кинеските државни медиуми, со што стана втора земја во историјата што го стори тоа.

Роверот Zhurong, именуван по богот на огнот во кинеската митологија, слета рано утрово во претходно избраната област на Марс, објави кинеската државна новинска агенција Xinhua.

Роверот се напојува со соларна енергија, тежи околу 240 килограми и носи шест научни инструменти. Подоцна ќе биде распореден за тримесечна мисија во потрага по знаци или докази за антички живот на површината на Марс.

URL

Орбитерот на Марс Tianwen-1  ќе го пренесе својот сигнал до роверот за време на својата мисија, а потоа ќе спроведе глобално истражување на планетата во текот на една марсовска година. Сондата помина три месеци во извидување на орбитата на областа за слетување пред да го ослободи роверот на површината.

Tianwen-1  беше лансиран со ракетата Long March 5 март од вселенскиот центар за лансирање Венчанг во Хаинан на 23 јули минатата година и помина седум месеци на пат кон Марс пред да влезе во својата орбита во февруари. Вселенското летало ја испрати својата прва фотографија на планетата од оддалеченост поголема од милион километри.

Сондата „ќе орбитира, слета и ќе го ослободи роверот во првиот обид и ќе ги координира набудувањата со орбитерот“, изјави научниот тим зад Tianwen-1 пред да слета роверот. „Ниту една планетарна мисија не била реализирана на овој начин“, додаваат тие.

Tianwen-1  е една од трите меѓународни мисии на Марс лансирани минатото лето, заедно со роверот на НАСА Perseverance, кој слета на Марс во февруари, и сондата на Обединетите Арапски Емирати, која исто така влезе во орбитата во февруари околу Марс. За разлика од американската и кинеската мисија, сондата на ОАЕ не е наменета за слетување на Марс, туку само за проучување на планетата од орбитата.

Сите три мисии беа лансирани приближно во исто време поради усогласувањето помеѓу Земјата и Марс од истата страна на сонцето, што овозможи поефикасно патување до црвената планета.

Remote video URL

Tianwen-1, чие име значи „Потрага по небесната вистина“, има за цел да собере важни информации за почвата на Марс, геолошката структура, околината и атмосферата и ќе бара знаци на вода на планетата.

Кинеската амбициозна вселенска програма беше во центарот на медиумското внимание минатиот викенд кога неконтролирана ракета од 40.000 килограи падна во Индискиот Океан - што наиде на замерки од НАСА за „неисполнување на стандардите за одговорност во врска со (нејзиниот) вселенски отпад“.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Вести

Поради бројни повреди Јапонија официјално го затвори некогаш најбрзиот ролеркостер во светот

Read more

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Read more

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Read more

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Поради бројни повреди Јапонија официјално го затвори некогаш најбрзиот ролеркостер во светот

Читај повеќе

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе