И оние кои не биле заразени со коронавирус можат да развијат имунитет

Имуниот систем на некои луѓе кои немале коронавирус сепак има некој вид препознавање на патогенот, покажува ново истражување објавено во Nature.

Студијата откри дека меѓу 68 здрави испитаници во Германија, кои никогаш не го прележале новиот коронавирус, 35 проценти од нив имаат Т-клетки во крвта кои се реактивни на вирусот, пренесе CNN.

Т-клетките се дел од имунитетот и ни помагаат во заштитата од инфекции. Реактивноста на Т-клетките укажува дека имуниот систем можеби претходно имал искуство во борба со слична инфекција и дека тоа може да го искористи во борбата против новата инфекција.

Како имунитетот на овие испитаници може да има реактивни Т-клетки ако никогаш не прележале COVID-19?

Тие се веројатно стекнати во претходни ендемски инфекции на други видови коронавируси, стои во студијата на истражувачите од различни институции во Германија и Велика Британија. Употребата на оваа меморија на Т-клетките со друга слична инфекција во одговор на нова инфекција се нарекува „вкрстена реактивност“.

Во новата студија била вклучена анализа на примероци од крвта на 18 пациент со COVID-19, на возраст од 21 до 81 година, како и здрави пациенти на возраст од 20 до 64 години. Откриено е дека Т-клетките се реактивни на коронавирусот кај 83 проценти од пациентите со COVID-19.

Сепак, многу експерти сметаат дека овие резултатите треба да се истражат поопширно. Меѓу нив е и д-р Амеш Адалџа од Центарот за здравствена заштита на Универзитетот Џон Хопкинс, кој не беше вклучен во ова истражување.

Тој вели дека од истражувањето е јасно дека присуството на Т-клетките не спречува да се заразиме, но можеби може да ја регулира тежината на инфекцијата.

Друг експерт, д-р Вилијам Шафнер од Медицинскиот факултет на Универзитетот Вандербилт во Нешвил, смета дека Т-клетките не треба да ги занемариме.

Тој воопшто не е изненаден за вкрстената реактивност на Т-клетките кај учесниците кои немале SARS-CoV-2.

„SARS-CoV-2 е седмиот човечки коронавирус кој е откриен. Четири видови коронавируси кружат низ заедницата и се одговорни за 25 проценти од вообичаените настинки. Скоро секоја личност на светот имала некаква искуство со некој од тие коронавируси, а тие се од исто семејство по што се развива некој вид вкрстен реактивен имунитет“, објаснува тој.

Ова не е единствената студија која покажала дека постои одредено ниво на имунитет кај некои луѓе на новиот коронавирус.

реклама

Времеплов: Каде е, што прави најубавата собирачка на топчиња?

Read more

Зошто интелигентните луѓе имаат помалку пријатели?

Read more

Искандер - смртоносниот ѕвер: Со ова убиствено оружје Ерменија му се заканува на Азербејџан

Read more

Словенија забрани работење на продавниците во недела и за празници – Кога кај нас вака?

Read more

Здравје

Истражување: Витаминот Д е тајното оружје во борбата против коронавирусот

Read more

Децата имаат 44 отсто помали шанси да се заразат со COVID-19

Read more

Австралија разви спреј за нос во борбата против COVID-19

Read more

Истражување: COVID-19 не се пренесува преку мајчино млеко

Read more

Магазин

Жена во визба од зграда во Париз што ја наследила пронашла половина милион евра

Читај повеќе

Зошто интелигентните луѓе имаат помалку пријатели?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобриот рецепт за печени ракчиња на скара

Читај повеќе
  • play_arrow

Извлечени 5.000 парчиња муниција од потонат брод од Втора светска војна

Читај повеќе

Заедничко гледање порно филмови: Да или не?

Читај повеќе
  • filter

Доминираат: Ова се најголемите инфлуенсери меѓу спортистите, дали ги следите?

Читај повеќе

Четири знаци дека сте во стабилна и среќна врска

Читај повеќе

Ќе се изненадите колку често жените мислат на секс

Читај повеќе

Три хороскопски знаци во кои се раѓаат најголемите женкари

Читај повеќе