Со оглед на тоа што жедта не е толку изразена во текот на зимата, може да се заборави редовно да се пие доволно вода, што може да доведе до дехидрираност.
„Загреаните внатрешни простори можат да ја извлечат влагата од воздухот што нè дехидрира без да го забележиме тоа“, објаснува д-р Чун Танг.
„Носењето слоевита облека може да го стимулира потењето, но можеби нема да го забележиме затоа што потта испарува брзо на студениот воздух. Исто така, пиењето многу чај, кафе или алкохол, што е вообичаен зимски обичај, може да доведе до дехидрираност“, вели д-р Танг.
Д-р Ешвин Шарма додава: „Растот на болести како грип во текот на зимските месеци може да предизвика дехидрираност. Преголемата потрошувачка на храна што содржи големи количини на натриум е исто така честа причина за дехидратација“.
„Ако устата ви е сува, ви се луши или ве чеша кожата, или ако урината има потемна боја, можно е да сте дехидрирани“, тврди Танг.
Замор, вртоглавица или главоболка се исто така чести знаци на дехидратација.
Еден од поголемите знаци на дехидрација за постарите лица е збунетост или тешкотии со концентрација. Ако имате некој од овие симптоми, треба да пиете повеќе вода.
Проблеми со сеќавање
Благата дехидратација може да резултира со лоша концентрација и проблеми со меморијата.
Проблеми со уринарниот тракт и бубрезите
Инфекцијата на уринарниот тракт, како и бубрежните камења, исто така може да се должи на дехидрираност. Бубрезите бараат соодветно ниво на хидратација за да функционираат правилно.
Намален крвен притисок
„Дехидрираноста може да го намали крвниот притисок, кој може да стане опасен за старите лица, бидејќи тоа може да го зголеми ризикот од вртоглавица и падови“, потенцира Шарма.
Хиповолемиски шок
„Хиповолемискиот шок е една од најголемите опасности што може да се појават како резултат на дехидрираност. Тоа е состојба кога телото доживува значителен пад на крвниот притисок, што резултира во недоволно снабдување со витални органи за кислород. Може да биде опасно по живот и да биде потребна итна медицинска помош“, предупредува Шарма.
Други долгорочни проблеми
„Долготрајната дехидратација може негативно да влијае на срцето, циркулацијата, да го влоши запекот и да ја исуши кожата“, додава Танг.
Постарите луѓе се повеќе склони кон дехидратација затоа што жедта им слабее со возраста. Исто така, лекови како што се диуретици и лаксативи можат да ја зголемат загубата на течности.
Совет: Пијте вода во текот на денот, дури и ако не сте жедни. Можете исто така да пиете билни чаеви затоа што тие, како и топла вода со лимон, може да ви помогнат да останете хидратирани.