„Ибра од Македонија“ ќе му даде нов живот на Јувентус

Офанзивата на Јувентус од следниот месец ќе се засили со Дејан Кулушевски, 20-годишниот Швеѓанец со македонско потекло кого „Старата дама“ во јануари го донесе од Аталанта за 30 милиони евра.

Кулушевски ја помина сезоната на позајмица во Парма каде за само половина година успеа да се избори за трансфер во италијанскиот првак, а шест месеци подоцна да стане најдобриот млад играч во Серија А, според порталот Football Italia.

Швеѓанецот со македонско потекло ја заврши сезоната во Парма со впечатливи бројки: во 39 натпревари заби 10 голови и намести 9, што за млад играч во Калчото кој претходно играл за просечна екипа, е квалитетен учинок.

Parma... Sono venuto come un ragazzo e vado via come un uomo.. Parma, ho dato tutto per voi... anche quando avevo...

Posted by Dejan Kulusevski on Wednesday, August 5, 2020

Очекувањата во Торино сега се огромни бидејќи тренерот Маурицио Сари го смета Кулушевски за еден од стожерните играчи и за огромна помош на Кристијано Роналдо кој сезонава се напати играјќи за бледиот Јуве кој успеа да го освои Скудетото со бод пред Интер.

Португалецот од соиграчи во нападот го имаше Пауло Дибала, а останатите колеги имаа сезона која сите би сакале што побрзо да ја заборават.

Кулушевски, кого во Шведска поради конституцијата, начинот на игра и балканското потекло го нарекуваат „новиот Златан Ибрахимовиќ“, веќе се спријателил со Роналдо, кој според Football Italia бил импресиониран од него.

„Го запознав и тоа беше многу возбудливо. Кога дојдов да потпишам за Јувентус, Кристијано дојде во клупските простории заедно со Кјелини, Буфон и Бонучи за да ме пречека лично. Се шегувавме, ама за содржината на тие шеги нема да зборувам јавно“, откри Кулушевски за Tuttosport.

Remote video URL

Тој сепак е поимпресиониран од Пауло Дибала. Италијанските медиуми пишуваат дека негов идол е Аргентинецот и дека главна цел му е да го освои трофејот од Лигата на шампиони со Јуве.

Сари го гледа како десетка, веднаш зад напаѓачот, иако младиот Дејан може да игра на двете крилни позиции, како и во шпиц позиција.

„Од јануари внимателно ги гледав сите натпревари на Јувентус за да ја разберам играта и да видам што можам да ѝ дадам на екипата. Фантастични се. Сари целосно се фокусира на доминација и посед на топката, а играчите се многу блиски. Во Јувентус ќе најдам фудбал каков што сакам, со многу посед, а важно е и многу да се движиш“, рече Кулушевски.

Remote video URL
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фудбал

Андов прв пат селектираше, на списокот 23 фудбалерки за претстојните квалификации

Read more

Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Read more

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Read more

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more
 

Спорт

Андов прв пат селектираше, на списокот 23 фудбалерки за претстојните квалификации

Читај повеќе

Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Читај повеќе
  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе