УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2020/21

Ибраими: Во Азербејџан одиме за да поминеме во наредното коло

Најдобриот стрелец на Шкендија верува дека утре неговиот тим нема да се соочи со рана елиминација од Лига Европа и ќе продолжи во наредното коло.

Ибраими го слави голот против Македонија ЃП; Фото: ФК Шкендија Тетово

Тетовска Шкендија утре со почеток во 18 часот по македонско време ја почнува европската сезона на гости против азербејџанскиот тим на Сумкај'т. Жрепката сакаше тетовци да играат како гости во единствениот натпревар според новите правила. Играчите како негативни ги минаа тестовите за COVID-10 и веќе се наоѓаат во кавказката земја.

„Во Азербејџан одиме мотивирани и со самодоверба дека ќе го поминеме првото коло. Се разбира, во никој случај не велиме дека задачата ќе биде лесна, бидејќи секој натпревар и секој ривал има свои тешкотии, но јас сметам дека имаме квалитет да одиграме на потребното ниво за да го добиеме резултатот што ќе нè квалификува“, вели Ибраими.

Некогаш најдобриот стрелец на тетовскиот состав беше во голгетерска криза која ја прекина на саботниот натпревар со Македонија Ѓорче Петров кога го постигна голот за победа. Но, не беше гол од акција, туку од белата точка, Сепак, гол како гол, за еден напаѓач е важен бидејќи мотивира.

„Живееме во тешки времиња, не само ние како фудбалска заедница, туку секоја активност ширум светот, без исклучоци. Пандемијата трае долго и да се биде толку долго надвор од нормалниот живот секако бара одредено време за човек да се врати во форма. Јас, исто така, лично го чувствувам тоа во моите настапи, но веруваме и работиме да ја најдеме вистинската форма. Голот против Македонија ЃП ме мотивира и убеден сум дека во Азербејџан ќе бидеме на висина на задачата за да поминеме“, заклучи Ибраими.

33-годишниот кичевчанец досега има одиграно 24 натпревари во квалификаците од Лига Европа на кои постигна 11 голови. Има и 5 голови на 8 натпревари во квалификациите за Лигата на шампиони.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе