Ибрахимовиќ со моќен говор го затвори фестивалот Санремо

Златан Ибрахимовиќ го затвори музичкиот фестивал Санремо покажувајќи една поинаква страна од себе.

Неговиот говор беше помалку дрзок и поскромен од неговите вообичаени изјави, а шведскиот фудбалер испрати и многу впечатлива порака.

Асот на Милан беше специјален гостин на четири од петте вечери на еден од најстарите музички фестивали во светот, а по тој повод донираше и 200.000 евра во добротворни цели.

На самиот крај, Ибрахимовиќ одржа многу моќен и инспиративен говор.

„Сите го знаеја Златан и пред овој фестивал. Тогаш, зошто Златан дојде овде? Затоа што тој сака предизвици, адреналин, можност да напредува. Ако не си поставиш предизвик, нема да напредуваш.

Кога ќе излезете на терен, можете да изгубите или да победите. Одиграв 945 натпревари, на многу победив, но не на сите. Освоив 11 шампионски титули и изгубив некои. Јас сум Златен и без победа на секој натпревар. Јас сум Златен и кога победувам и кога губам.

Постигнав 500 погодоци, но некои шанси ги промашив. Некои пенали не завршија добро. Но, неуспехот не е спротивност на успехот, неуспехот е дел од успехот. Да не направиш ништо е најголемата грешка што може да ја направиш.

Ако Златан греши, значи и вие можете да згрешите. Важно е да работите на промените секој ден - да бидете посветени, упорни, сконцентрирани. Дојдов на овој фестивал за да ви кажам дека секој од вас може да биде Златан, а јас сум сите вие. Ова не е мојот фестивал, туку фестивал на цела Италија. Ви благодарам, Италија, мојот втор дом“, рече Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот не е првиот фудбалер кој се појавил на Санремо – големи фудбалски имиња како Роберт Баџо, Франческо Тоти или Антонио Касано биле гости на овој фестивал пред него.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе