Идеја за денешниот ручек: Полнети пилешки гради

Што вкусно да зготвите денес? Полнето бело пилешко кое брзо се готви.

Пилешкото месо е еден од најдобрите извори на протеини и е лесно за готвење.

Во 100 грама бело пилешко месо без коски има: 165 калории, 31 грам протеини, 4 грама масти (од кои 1 незаситени), 74 мг натриум. Само 100 грама пилешко месо дневно ги задоволува дневните потреби за железо, а ќе внесете и значителна количина витамин Б и цинк.

Исхраната со пилешко месо го намалува ризикот од прекумерна дебелина, како и од кардиоваскуларни болести и дијабетес.

Бонус совет: Никогаш немојте да го миете пилешкото месо! Многу луѓе го мијат пилешкото месо пред подготовка, мислејќи дека на тој начин ги уништуваат бактериите. Но сосема спротивно: со тоа само придонесуваат за нивно размножување.

За денешниот рецепт ќе ви бидат потребни следниве состојки:

- пилешки гради

- сенф, крем сирење

- домашно сирење или тврдо кравјо сирење

- сушено месо или сланина

За похување:

- 2 јајца

- презла

- брашно, сол

Подготовка:

Секое од парчињата пилешки гради пресечете го на половина, но не до крај. Прво намачкајте половина лажичка сенф од едната страна на месото и половина лажичка крем сирење од другата страна.

Потоа ставете го сирењето и додадете сецкано суво месо или сланина.

Затворете го „џебот“ со чепкалка за заби и додадете малку сол.

Извалкајте го прво во брашно, потоа во изматени јајца, па во презла.

Пржете ги во врело масло околу осум минути од секоја страна.

Ставете го прженото месо на хартиен бришач за да се впие вишокот мрснотија.

Послужете со сезонска салата по ваш избор.

реклама

Рецепти

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе