Идеја за десерт: Колач со боровинки и рибизли

Вкусен и освежителен колач идеален за десерт во текот на летните горештини.

Потребни состојки:

-2 поголеми јајца

-135 г шеќер

-90 г растопен путер

-60 мл маслиново масло

-75 мл млеко

-1 лажичка екстракт од ванила

-200 г пченично брашно

-половина лажичка прашок за пециво

-прстофат сол

-250 г свежи или замрзнати боровинки и рибизли

Начин на подготовка:

Измешајте ги јајцата со шеќерот, па мешајте околу 5 минути додека смесата не стане густа и светложолта.

Во подготвената смеса додадете го растопениот путер, маслиновото масло, екстрактот од ванила и млекото, мешајќи помеѓу секое додавање на состојките. На крајот додадете малку сол, брашно и прашок за пециво.

Овошјето мора да биде на собна температура. Ако користите замрзнато, треба до пола да биде одмрзнато, никако растопено и со сок. Овошјето измешајте го со шеќер, количина по желба. Четвртина од овошјето измешајте го полека со кружни движења во подготвеното тесто. Калапот за печење обложете го со мрсна хартија. Смесата излејте ја во калап и печете 20 минути во претходно загреана рерна на 175 степени.

Откако колачот е до половина испечен, остатокот од овошјето наредете го по површината на колачот, па со лажица втиснете го овошјето во тестото. Печете уште половина час.

Посипете со шеќер во прав и послужете го колачот.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Рецепти

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе