Идеја за додаток на ручек: Пире од карфиол

Се подготвува двојно побрзо отколку пирето компир, а со една состојка ќе биде совршено кремасто.

Карфиолот може да послужи како одлична замена за компирот, а покрај тоа што е исклучително здрав, содржи многу малку калории, па затоа е идеален доколку внимавате на линијата. Карфиолот има прилично неутрален вкус, па затоа е важно да се најде трик за негова подготовка, а ќе биде особено кремаст ако додадете пилешки густин.

Додека повеќето луѓе знаат за рецептот за мусака од карфиол, можете да го пробате и овој за пире од карфиол што совршено оди со секое месо.

Потребни состојки:

  • 1 карфиол
  • 1 кромид
  • 4 чешниња лук
  • 1 шолја супа од пилешко
  • 30 gr путер
  • сол

Подготовка:

Во поголемо тенџере растопете го путерот на средна температура. Додадете исечкан лук и кромид и пропржете со постојано мешање додека не пожолтат. Намалете ја температурата по потреба за лукот да не изгори. Додадете исчистен и исечкан карфиол и пилешката супа. Покријте, динстајте и варете со прилагодување на температурата додека карфиолот целосно не омекне - околу 15 минути. Отстранете го капакот и оставете ја целата течност да врие додека не испари. Потоа карфиолот изматете го во блендер или со миксер за да добиете мазна текстура на пирето. По желба украсете со магдонос.

Тагови
реклама

Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица на македонскиот пазар

Read more

Протече нов нацрт договор од СЗО:„Светот мора да се подготви за нова уште посмртоносна пандемија“

Read more

Трагична несреќа кај Штип со три загинати лица

Read more

Цели семејства од Македонија одат на сезонска работа во Хрватска

Read more

Рецепти

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Read more

Идеја за ручек: Пилешко со 4 сирења

Read more

Палента со сос од печурки - супер предлог за ручек

Read more
Зачинето пилешко со црвен пипер

Зачинето пилешко со црвен пипер

Read more
 

Магазин

Правна држава е ова

Читај повеќе

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Читај повеќе

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Читај повеќе

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Читај повеќе

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Читај повеќе

Храна што ќе ви помогне да го стопите салото на стомакот

Читај повеќе

3 најпресметливи хороскопски знаци: Калкулираат за сѐ и имаат скриени намери

Читај повеќе