Идеја за посен ручек: Полнети пиперки со ореви

Посни полнети пиперки печени во рерна.

Потребни состојки:

  • 15 црвени пиперки
  • 2 големи главици кромид
  • 200 г свежи моркови
  • 100 г крупно мелени ореви
  • 5 полни раце ориз
  • доматен сос
  • 3 дл масло, овие пиперки бараат многу масло
  • сол, бибер, сув зачин
  •  3 до 4 лажици брашно
  • 100 г сварени, па рендани компири

Начин на подготовка:

Во длабок сад сипете масло, околу 1,5 дл, па додадете ги ситно исечканите кромид и морков.

Кромидот и морковот пропржете ги во масло на умерена температура додека не станат кашести. Мора постојано да се меша и по потреба да се додава масло.

Потоа додадете ореви. Промешајте и пропржете малку за и јаткастите плодови да пуштат маснотија.

Потоа додадете доматен сос, зачини и пржете додека не се соедини, повторно додавајќи малку масло за да не биде суво. Додадете го оризот и сè заедно пропржете уште неколку минути.

На крајот додадете ги ренданите компири, нежно промешајте и тргнете од шпоретот.

Пиперките измијте ги и откако ќе се исушат исчистете ги, за да се филуваат.

Наполнете ги пиперките со полнење помалку од половина. Во секоја пиперка ставете по половина лажичка брашно, за да не излезе филот при печењето. Може да се затворат и со парче домат.

Наредете ги во тепсија, полијте со топла вода до горе и притиснете ги со лимена чинија, па дури потоа поклопете со капак. Варете на умерена температура додека не биде готово.

Вклучете ја рерната на 200 степени, ставете ги пиперките во рерна да се запечат,  внимавајте да останат и малку меки.

реклама

Што се случува со телото ако немате секс со месеци или години

Read more

Онколог советува кои се најчесто игнорираните симптоми што укажуваат на рак

Read more

Илон Маск стави точка

Read more

Навики што го убиваат тестостеронот во модерниот маж

Read more

Рецепти

Идеја за ручек: Пикантно похувано бело месо

Read more

Најдобриот рецепт за крцкави печени компири

Read more

Рецепт на денот: Мусака со јајца и кашкавал

Read more

Рецепт на денот: Мисиркини гради во сос од вино

Read more
 

Магазин

Како пријателите ви го чуваат здравјето?

Читај повеќе

Кои хороскопски знаци се најголеми злопамтила?

Читај повеќе

Што ќе се случи во телото ако пешачите на празен стомак секој ден?

Читај повеќе

Што се случува со телото ако немате секс со месеци или години

Читај повеќе
  • filter

Дубаи ќе добие хотел во форма на Месечината, проект вреден 5 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најстрашни видови ајкули

Читај повеќе
  • play_arrow

Идеја за ручек: Пикантно похувано бело месо

Читај повеќе

Онколог советува кои се најчесто игнорираните симптоми што укажуваат на рак

Читај повеќе
  • play_arrow

Шакира се спаси – Пике се покажа како ужасен дечко

Читај повеќе