Идеја за ручек: Јунешки шницли со грашок

Подгответе го најмекото месо и згуснете го јадењето без брашно и запршка, а резултатот ќе биде вкусни шницли со грашок.

Јунешките шницли со грашок се вкусно, но и здраво јадење, кое лесно се подготвува, само потребно е малку трпение бидејќи потребно е месото добро да се издинста.

Грашокот е многу здраво и вкусно растение за кое постојат различни начини за негова подготовка во кујната. Сепак, најдобар е овој добро проверен рецепт со јунешко месо. Како што температурите значително опаѓаат, почастете се со вкусно и топло јадење кое се јаде со лажица. Ќе треба да имате малку трпение за јунешкото добро да се издинста, за месото да биде меко и сочно. Верувајте, трудот ќе ви се исплати. Освен тоа, рецептот е навистина едноставен, а бројот на чинии и тенџериња за негова подготовка е минимален. Наместо брашно и класична запршка, јадењето ќе го згуснете со малку млеко и скроб, што ќе му олесни и на вашиот стомак.

Потребни состојки:

  • 500 гр јунешко месо
  • 20 мл маслиново масло
  • 20 гр путер
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица пасиран домат
  • 200 гр грашок
  • 1,2 л вода
  • 100 мл млеко
  • 1 лажица пченкарен скроб
  • гранче рузмарин
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Јунешкото месо исечете го на тенки шницли, посолете го, побиберете го и прелијте го со малку маслиново масло. Добро втријте ги зачините во месото, убаво да се обложи од сите страни. Оставете да отстои околу половина час. Во тава стопете путер, ставете го месото и пржете од двете страни додека убаво не порумени. Додадете гранче рузмарин. Истурете половина литар вода, поклопете и оставете да се крчка околу половина час. Повремено превртувајте ги парчињата месо, за убаво да се издинстаат од двете страни. Кромидот ситно исечкајте го и додадете го во тавата. Кога кромидот ќе добие боја додадете пасиран домат и грашок. Добро промешајте и истурете ја преостанатата вода, додадете зачини по свој вкус и поклопете да се крчка. Во млекото додадете лажица скроб, измешајте сѐ додека не ја снема и последната грутка, па добиената смеса иструрете ја во тавата. Нека се крчка уште половина час со повремено мешање. Сервирајте додека сѐ уште е топло.

Remote video URL
Тагови
реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Рецепти

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Read more

Taste Atlas објави листа на најдобрите сирења во светот

Read more

Пилешко со ароматични зачини готово за половина час

Read more

Со еден мал трик лава колачот секој пат ќе излезе совршено

Read more
 

Магазин

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Читај повеќе

Како да препознаете патолошки лажго?

Читај повеќе

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Читај повеќе

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Читај повеќе

Која храна најдобро е да ја јадеме сирова?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе