Низ улиците на Мексико секаде се среќава популарната кесадиља, а денеска ви предлагаме дома да го направите овој специјалитет и тоа со мелено месо и кашкавал.

Кесадиљата е мексикански специјалитет кој се прави од тортиља и фил по желба, но кашкавалот е задолжителен. Мексиканците оваа храна ја јадат често, се продава и на улиците, а во последните години стана неверојатно популарна во целиот свет.
Покрај фантастичниот вкус и лесната подготовка, се користат универзално омилени состојки. Нашиот предлог е да ја пробате оваа превкусна кесадиља со мелено месо и кашкавал, преполна со зачини. Уживајте.
Потребни состојки:
- 6 тортиљи
- 450 гр мелено месо
- 150 гр кашкавал
- 1 кромид
- 1 лажичка лута црвена пиперка
- ½ лажичка сушено оригано
- 1 лажичка мелена пипер
- ½ лажичка лук во прав
- ½ лажичка кромид во прав
- 1 лажица доматно пире
- 2 лажици билјон
- 1 нишка магдонос
- сол
- бибер
Подготовка:
Кромидот ситно исечкајте го, а потоа пропржете го. Кога ќе омекне додадете мелено месо, посолете и побиберете, па посипете со црвената пиперка, лук и кромид во прав, мелена пипер и оригано. Промешајте. Пред крај додадете доматно пире и булјон и повторно добро измешајте. Исклучете ја ринглата и во месото додадете ситно сечкан магдонос. Половина од секоја тортиља посипете ја со рендан кашкавал, ставете по две лажици од смесата со меленото месо, па над тоа повторно кашкавал. Преклопете и наредете на тавче обложено со хартија за печење. Печете на 200°C околу 5 до 7 минути. Пријатно јадење!