Идеја за ручек: Печено свинско со зеленчук и вино

Денешниот наш предлог е свинско месо со зеленчук, ручек доволен за шест особи.

На нашето поднебје воглавно за ручек луѓето сакаат на трпезата да има месо. Постојат многу рецепти за вкусни јадења со месо, а нашиот денешен предлог е свинско месо со зеленчук и бело вино. Наредете сѐ во тавче и оставете рерната да го заврши останатиот дел.

Потребни состојки:

  • 1,5 кг свинско месо
  • 1 лажица шеќер
  • 1 шолја доматен сос
  • 1 лажичка сол
  • 5 компири
  • 2 домата
  • 2 моркова
  • 1 пиперка
  • 100 мл суво бело вино
  • 100 мл вода
  • 1 лажичка мед
  • 1 лажица соја сос
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Парчето свинско месо засечете го во облик на дијамант. Посолете и побиберете го од двете страни, намотајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер половина час. Путерот растопете го во тенџере, па додадете доматен сос, посолете и зашеќерете. Промешајте и гответе додека не почне да крчка. Потоа со сосот премачкајте ја средината на тавчето, а над тоа ставете го месото (директно над сосот ставете ја засечената страна од месото). Нормално, претходно ќе ја тргнете фолијата. Исечкајте ги компирите, доматите, морковите и пиперката и парчињата наредете ги околу месото. Прелијте со бело вино и вода. Посолете и побиберете, па печете на 200°C околу 50 минути. Измешајте мед и соја сос, извадете го месото од рерма, превртете го и премачкајте го со добиениот сос од мед и соја. Вратете во рерна да се пече уште 20 минути.

Remote video URL
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Read more

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Read more

Традиционално католичко велигденско лепче со суво грозје

Read more

За посни гурмани: Похувана риба во слатко-кисел сос

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе