За ручек подгответе го ова похувано бело месо и послужете го со пире. Се пржи само 6 минути на двојно помалку масло, а е неверојатно крцкаво.

Од бело месо може да се направат широк спектар на јадења, а најпопуларното секако е похувано. Секој има свој рецепт за похување, но пробајте го овој, сигурно ќе ви се допадне. Тајната е во зачините, поедноставно се подготвува, се користат помалку садови и помалку масло. Важно е месото да го излупате за да биде тенко, бидејќи така ќе го пржите пократко.
Потребни состојки:
- 400 гр пилешко филе
- ⅓ лажичка сув ѓумбир
- ½ лажичка чадена пиперка
- ½ лажичка лук во прав
- ½ лажица сусам
- ½ лажичка италијански зачин
- 1 јајце
- 1 лажичка сол
- малку бибер
- 1 лажица брашно
- презла
Подготовка:
Исечете го месото на шницли, покријте го со фолија и излупајте го со чекан за месо. Во јајцето додадете ѓумбир, чадена пиперка, лук во прав, сусам, италијански зачин, сол и бибер, како и брашно и добро измешајте. Месото се валка во добиената смеса, па во презла, па се пржи на малку масло по 3 минути од секоја страна.