Пилешките плескавици се одлична идеја за ручек кога не знаете што да подготвите.

Кога немате инспирација за ручек, направете плескавици од бело месо. Може да се јадат и сами, но доколку сакате и прилог можете да подготвите интересно пире од карфиол или освежителна салата. Многу веројатно дека состојките веќе ги имате дома.
Потребни состојки:
- 2 парчиња пилешко филе
- магдонос
- 3 јајца
- 80 gr моцарела
- 3 лажици мајонез
- 50 gr брашно
- сол
- бибер
- лук во прав
- масло
Подготовка:
Исечете го пилешкото месо на коцки. Додадете сечкан магдонос и јајца. Убаво промешајте, па додајте рендана моцарела и мајонез. Додадете сол, бибер и лук во прав. Добро промешајте. Потоа додадете го брашното и сè убаво соединете. Извадете ја смесата со лажица и ставете ја во загреаното масло. Пржете додека не оцените дека се готови.