Идеја за ручек: Пилешко Марбеља

Пилешкото марбеља лесно се подготвува, а вкусот е фантастичен.

Пилешкото Марбеља стана популарно во 80-тите благодарение на Шејла Лукинс и Џули Росо, т.е. на нивната книга со рецепти „The Silver Palate Cookbook“. Овој готвач запозна многу неискусни, но и искусни со непознати состојки кои сега се вообичаени во нашите кујни.

Ова пилешко јадење се прави со маринирање на парчиња пилешко (традиционално 4 цели кокошки исечени на четвртинки) преку ноќ во маслиново масло во кое се додаваат лук, ловорови листови, капери, суви сливи и маслинки. Маринираното пилешко потоа се става во тава со бело вино, па се посипува со кафеав шеќер и се пече.

Овој рецепт е малку помодерна верзија каде што не се чека месото да се маринира цела ноќ. Состојките не се многу променети, освен што е отстранет кафеавиот шеќер. Уживајте во популарното и вкусно јадење и послужете го со кускус или со пире од компири.

Потребни состојки:

За сосот:

  • ⅓ чаша зелени маслинки (без семки)
  • ⅓ чаша суви сливи (без семки)
  • 4 чешниња лук
  • 2 лажици капери
  • 3 филети инчуни (солена риба како во пица Наполетана)
  • 1 лажичка суво оригано
  • ¼ лажичка мелена пипер

За месото:

  • 1,3 кг карабатак
  • ¾ чаша пилешка супа
  • ⅓ чаша суво бело вино
  • ⅓ чаша зелени маслинки (без семки)
  • 1 лажица капери
  • 3 ловорови листови
  • ⅓ чаша суви сливи (без семки)
  • 2 лажици свеж магдонос
Подготовка:

Во блендер ставете маслинки, суви сливи, лук, исцедени капери, измиени инчуни, оригано, мелена пипер, сол и бибер. Блендирајте додека не добиете мазна смеса.

Исушете го месото со крпа. Зачинете со сол и бибер, а потоа загрејте го маслото во тава и додадете го готовиот сос. Гответе со постојано мешање околу 1-2 минути. Истурете ја супата, па виното, па додадете ги маслинките и каперите, како и ловоровиот лист. Ставете го месото во тавата и прелијте го сосот врз секое парче.

Се пече во загреана рерна на 200°C околу 15 минути. Извадете го, па повторно прелијте го месото со сосот и околу него наредете ги сувите сливи исечкани на коцки. Вратете во рерна и печете уште 20 минути. Посипете со мелен магдонос и послужете со лимон.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Read more

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Read more

Традиционално католичко велигденско лепче со суво грозје

Read more

За посни гурмани: Похувана риба во слатко-кисел сос

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе