Идеја за ручек: Вкусен гулаш со зеленчук

Меѓу омилените рецепти на кулинарските почетници дефинитивно е овој за гулаш со зеленчук.

Гулашот е едно од најдобрите јадења кои се јадат со лажица, а се подготвува така што мешате неколку вида месо и оставате да се крчка со часови. Не може да го преварите, може само да стане повкусен и да се топи в уста.

Денеска нашиот предлог е малку поинаков рецепт. Додадете му неколку вида зеленчук, како пиперка, целер, карфиол... па крчкајте на тивок оган околу еден час.

Потребни состојки:

  • 1,5 кг телешко месо
  • 2 моркова
  • 2 кромида
  • 100 гр целер
  • 4 лажици доматно пире
  • 1 пиперка
  • ¼ лажичка мелена пипер
  • 1 л вода
  • 500 гр карфиол

Подготовка:

Исечкајте го месото на коцки и пропржете го во тава некои 25 минути. Потоа додадете сечкан кромид, промешајте и пропржете уште 6 минути. Додадете сечкан морков и пржете уште 7 минути, со повремено мешање. Потоа турете доматно пире, промешајте и по 5 минути додадете врела вода (400 мл). Додадете сечкани целер и пиперка, па посолете и побиберете. Одозгора посипете мелена пипер и сето тоа добро измешајте го. После 5 минути додадете карфиол исечкан на коцки, па повторно сѐ убаво измешајте. Сипајте уште врела вода (600 мл), па кога ќе почне да врие поклопете и гответе уште саат време на ниска температура.

Remote video URL
Тагови
реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Рецепти

Идеја за посен ручек: Полнети тиквички

Read more

Рецепт за мусака на полски начин

Read more

Кромид полнет со жолчки и бешамел

Read more

Како да направите домашна пица како вистински мајстор?

Read more
 

Магазин

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Читај повеќе

Идеја за посен ручек: Полнети тиквички

Читај повеќе

Може ли вежбањето дома без опрема да даде добри резултати?

Читај повеќе

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Читај повеќе
  • play_arrow

Зебра избегала од зоо во Сеул и со часови талкала низ градот

Читај повеќе

Како вашите омилени сосови ви го саботираат процесот на слабеење?

Читај повеќе

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Читај повеќе

Најчести грешки што ги правиме во одгледувањето растенија

Читај повеќе

Има три начини на кои луѓето гледаат порно, само еден е здрав

Читај повеќе