Играњето видеоигри може да ги подобри вештините за читање кај децата

Често, играњето видеоигри се доживува како мрзлива активност, но новите истражувања сугерираат дека би можеле да бидат од голема корист за децата.

Истражувачи од Универзитетот Саскачеван велат дека видеоигрите можат да ги подобрат периферните вештини на внимание, клучни за развивање на способноста за читање.

„Обрнувањето внимание е важен дел од успешното читање“ вели Шејлон Крес, водач на студијата.

Вашите очи мора да ја скенираат страницата на системен начин за правилно обработување на секој збор и реченица.

„Затоа активностите кои можат да влијаат на процесот на внимание, како што се видеоигрите, исто така можат да влијаат на читањето“, тврди Крес.

Резултатите од студијата открија дека учесниците кои играле игри со повеќе периферни објекти, побрзо и поефикасно ги читале и познатите и измислените зборови прикажани во експериментот.

„Забележавме дека лицата со повеќе изложеност на периферно претставени визуелни барања во видеоигрите, на пример во пишани известувања или непријатели кои се појавуваат на работ на екранот, а не во средината, покажуваат побрзо време на реакција на читање од поединци кои биле малку или воопшто не биле изложени на периферни визуелни барања“, вели Крес.

Истражувачите се надеваат дека нивните откритија ќе доведат до подобар дизајн на видеоигрите кои дефинитивно можат да поттикнат поздрави навики.

 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Книги

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more

Објавена книгата Македонската книжевна жена од Ирина Тумбовска

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе