Дигиталната продавница Xbox 360 на Microsoft ќе биде затворена на 29 јули.
За да го одбележи затворањето на својата дигитална продавница Xbox 360, Microsoft подготви еден вид распродажба во која се достапни голем број различни игри по цена од еден долар.
Ако имате работна конзола Xbox 360 или ако играта е компатибилна со постарите изданија, за околу дваесет долари можете да обезбедите наслови што ќе ги играте со години.
Takes you back, doesn’t it?
— Xbox (@Xbox) July 16, 2024
Enjoy some sweet nostalgia with the new Xbox 360 Blades dynamic background, available today. pic.twitter.com/AYElkktM9K
Меѓу игрите на продажба е Black, a легендарната Dead Island чини 74 центи. Strider reboot е достапна за 1,50 долари.
Некои игри се малку поскапи, така што Devil May Cry 4 чини два долари, а Dishonored чини три. Resident Evil: Revelations е исто така 2 долари, како и Dead Rising 2. Watch Dogs е по цена од 4 долари.
Microsoft исто така ја врати легендарната Blade 360 како динамична тема за модерните конзоли и ова сигурно ќе ги израдува носталгичарите.
Распродажбата трае до 29 јули, затоа побрзајте.