СЕРИЈА А 2019/20

Игуаин и Сари склучиле пакт

Јувентус бил на пат да се раздели со напаѓачот Гонсало Игуаин, но Аргентинецот направил договор со тренерот Маурицио Сари за да остане во тимот. Според La Gazzetta dello Sport, италијанскиот стратег му помогнал на Игуаин повторно да ја пронајде својата форма, откако го заштити од гласините за заминување и дека е со него во тежок период.

Во објавата се додава дека двајцата потпишале пакт за остатокот од сезоната, според кој ќе се фокусираат само на комплетирање на сезоната и освојување трофеи, оставајќи ја настрана иднината на напаѓачот, засега.

Јувентус сака да го продаде Игуаин, бидејќи „Старата дама“ сака да се ослободи од договорот на Аргентинецот, за кој се одвојуваат 7,5 милиони евра годишно. Играчот е поврзан со трансфер во екипите Лос Анџелес Галакси и ДиСи Јунајтед, но не се исклучува и враќањето во Ривер Плејт.

Игуаин ја покажа својата најсилна форма под Маурицио Сари во Наполи, постигнувајќи 92 гола на 147 натпревари по неговиот трансфер од Реал Мадрид во 2013 година.

Минатата сезона двајцата повторно се обединија во тимот на Челси каде Сари беше тренер, а Игуаин позајмен. Откако дојде во Јувентус минатото лето, Сари реши да му даде нова шанса на Игуаин, а Аргентинецот му се заблагодари со 5 голови и 4 асистенции на 23 одиграни натпревари во Серија А оваа сезона.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе