ИЈЗ: Намален бројот на новозаболени и на смртни случаи во текот на минатата недела

Во периодот од 29 ноември до 5 декември тестирани се вкупно 16.948 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, забележано е намалување од 9,8 отсто во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 2.275 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 17,3 отсто во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 7,8 отсто до 19 отсто, просечно 13,1 отсто. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.000; 43,9 отсто), со неделна инциденца – 157,7/100.000. Највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово 324,6/100.000, се наведува во извештајот што денеска го објави Институтот за јавно здравје.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=521, 22,9 отсто). Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=92; четири отсто).

Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.215 (53,4 отсто) лица од женски и 1.060 (46,6 отсто) од машки пол.

Со статус „оздравени“ се 2.540 лица кои биле хоспитализирани или на домашно
лекување.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 40 реинфекции, со намалување од 9,1 отсто во однос на претходната недела. Пријавени се 68 смртни случаи во 18 градови во текот на изминатата недела, со намалување од 30,6 отсто во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (27).

Во однос на возраста, најголем број (n=54; 79,4 отсто) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50 до 59 години (10), од 40 до 49 години (1) и од 30 до 39 години (3), стои во извештајот на Институтот за јавно здравје. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Македонија

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Read more

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Read more

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more
 

Вести

  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе