ЛИГ 1 2020/21

Икарди на гостување, крадци во неговиот дом

Домот на Мауро Икарди и Ванда Нара бил посетен од крадци кои си се почастиле додека Аргентинецот беше со својот тим на гостување.

ПСЖ вчера му гостување на Лорјан, тим кој е во зоната за испаѓање и каде неочекувано загуби со 3:2. Цел натпревар одигра Мауро Икарди, не даде гол, а покрај поразот по враќањето дома имал и што да види: крадци му го посетиле домот и го олесниле за 400 илјади евра,

Како што пренесува L’Equipe, не биле украдени пари туку предмети чија вкупна вредност се проценува на речиси половина милион евра.

Грабежот бил откриен во неделата сабајлето, многу пред натпреварот, но бидејќи се работи за гостински натпревар Икарди со тимот беше заминат ден претходно. Грабежот го откриле луќето задолжени за одржување на домот.

Според полицијата, крадците влегле преку прозор користејќи ја приликата што немало никој. Икарди живее во населбата Ноји-сур-Сен во западниот дел на Париз.

Веројатно тоа е причината што Икарди синоќа не беше продуктивен за ПСЖ и беше дел од шокантниот пораз. Неговиот тим до 80-минута водеше со 1:2 со двата гол на Нејмар од белата точка, но потоа Лорјан направи целосен пресврт и освои вредни три бода.

Remote video URL

Со овој пораз ПСЖ му го препушти првотоместо на табелата на Лил и падна на третото.

реклама

Фудбал

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Read more

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Read more

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Read more

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Read more
 

Спорт

Јокиќ руши неверојатни рекорди

Читај повеќе

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Читај повеќе
  • play_arrow

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Читај повеќе

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Читај повеќе

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе