Иако во оригиналниот распоред Македонија немаше ниту еден термин од 15:30 часот во главната фаза, со интервенција на ИХФ сега двапати ќе играме среде ручек или кога работното време сѐ уште трае.

Откако синоќа со комплетирањето на третото коло во нашата Д група се направи и распоредот на натпревари за втората групна фаза, односно главната фаза на Светското првенство, македонските ракометари го дознаа и распоредот.
Но, иако првичната шема велеше дека во вторник против Австрија играме од 18 часот, а в четврток против Катар од 20:30, ИХФ интервенираше и нѐ фрли да играме двапати во најлошиот термин од 15:30 часот, кога луѓето или сѐ уште се на работа, или ручаат.
Саботниот дуел против Франција остана во терминот од 20:30 часот.
Ова не е некоја одмазда на ИХФ за инцидентите со македонските навивачи на дуелот со Холандија, туку е поради финансиски бенефит од ТВ правата на поатрактивните репрезентации. Така, на пример, дуелот Германија - Данска беше оригинално ставен во вторник од 15:30 часот, а сега ние гио сменивме на овој неатрактивен термин.