Свет
Им се придружија и познати личности

Илјадници луѓе ширум светот спиеја на улица со бездомниците

8. декември 2019 - 11:35 | М.С.

Илјадници луѓе во повеќе светски метрополи ноќта ја поминаа на улица, со цел да соберат средства за решавање на проблемот со бездомните лица.

Помеѓу активистите кои ја поминаа ноќта на отворено во Њујорк, Лондон, Единбург беа и голем број на познати личности.

Во центарот на Лондон температурата беше околу 10 степени, паѓаше силен дожд, а тоа се условите со кои се соочуваат бездомниците секој ден.

Приказната за добра ноќ во Лондон на сите присутни им ја читаше актерката Хелен Мирен.

Во Единбург на активистите им се приклучи актерот Брајан Кокс, а во Њујорк Вил Смит.

Светот мора да се соочи со тоа дека постои овој проблем.

Организаторите очекуваат дека во рамките на оваа акција на глобално ниво ќе им се приклучат повеќе од 50.000 луѓе.

Организаторите се надеваат дека ќе соберат околу 50 милиони долари за хуманитарните здруженија кои се занимаваат со прашањето на бездомниците, пишува BBC.

Националниот завод за статистика соопшти дека во последните години се зголемува бројот на бездомници во Англија, Велс и Северна Ирска.

Коментирај